четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Смртоносно селфи: Загинала пред детето сакајќи да направи добра фотографија

Смртоносно селфи: Загинала пред детето сакајќи да направи добра фотографија

Австралијката Роси Лумба била со сопругот и детето кога се случила несреќата во Националниот парк Грампианс, во австралиската држава Викторија. Имено, семејството било на местото за гледање на Борок до карпа со панорамски поглед на планините и градот подолу.

-Роузи се искачила игнорирајќи ги безбедносните бариери и знаците за предупредување, позирајќи на камен за фотографија, кога се сопнала на работ и паднала, пренесува Си-Ен-Ен.

Сведоците слушнале како Рози вреска, но ништо не можеле да сторат. На полицијата и на државната служба за итни случаи и биле потребни шест часа да го пронајдат и извлечат нејзиното тело.

Ова место е особено популарно за фотографии, брзото пребарување на ознаката за локација на Инстаграм покажува десетици фотографии на кои се гледаат луѓе на карпа, а нивните нозе висат над работ, што е крајно опасно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nato Henderson (@nato_fsu)