Снежни бури проследени со поларни температури го зафатија Јапонскиот архипелаг, однесувајќи најмалку пет животи.
Во делови од Јапонија температурата се спушти на рекордно ниско ниво, наместа и до 12 Целзиусови степени под нулата.
Невремето предзивика сериозни потешкоткии во одвивањето на железничкиот и патниот сообраќај, со голомразица на многу патни правци.
Илјадници луѓе мораа да ја поминат ноќта во купеа на возовите или во железничките станици на западните префектури Кјото и Шига, додека лица беа приморани да минат часови во завеани возила на некои од главните патишта, јавуваат денеска јапонските медиуми. Стотици летови се откажани.
Јапонија моментално е зафатена од најстудениот бран оваа зима. Властите упатија предупредување за претпазливост кај жителите на крајбрежјето на Јапонското Море и на Тихиот Океан на уште интензивни снежни врнежи и силни налети на ветер.