Припадници на шпанската армија спасуваа возачи на автомобили заробени во снежната бура Филомена, што предизвика сообраќаен хаос низ целата земја и затворање на аеродромот во Мадрид.
Аеродромот во Мадрид е затворен од синоќа, поради што се откажани најмалку 50 летови, а припадниците на армијата со часови патуваа кон возачите заробени на патиштата околу Мадрид.
Супербрзите возови на линиите меѓу Мадрид и Валиканте и Валенсија го прекинаа сообраќајот, како и градскиот превоз во Мадрид. Метеоролошката служба најави нови врнежи од снег, а властите во главниот град на Шпанија ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.