петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со кауција ослободен од притвор полицаецот обвинет за убиството на Флојд

Со кауција ослободен од притвор полицаецот обвинет за убиството на Флојд

Со кауција од еден милион долари од притвор е ослободен Дерек Чаувин, поранешниот полицаец обвинет за убиството на Афроамериканецот, Џорџ Флојд во Минесота.

Чаувин по уплатената кауција излезе од затворот во сојузната американска држава Минесота. Тој е обвинет за второстепено убиство на Флојд, а судењето се очекува да почне следната година.

Тој беше еден одчетворицата полицајци обвинети за убиството на Флојд при обид за насилно апсење.

Смртта на Флојд предизвика бран антирасистички протести во САД и ширум светот.