Русија и Украина направија план за прекин на огнот, кој содржи 15 точки, пишува Фајненшл Тајмс.
– Планот вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили, велат лица вклучени во преговорите.
Како што е наведено, предложениот договор, за кој првпат разговараа украинските и руските преговарачи во понеделникот, ќе значи дека Киев ќе се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ќе вети дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје во замена за заштита од сојузниците, како што се САД, Велика Британија и Турција.
„Прерано е да се откриваат какви било договори меѓу Русија и Украина“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги информациите дека се подготвува план за решавање на ситуацијата во Украина.
Михаил Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави за Фајненшл тајмс дека секој договор ќе вклучува „руските трупи во секој случај да ја напуштат територијата на Украина“ заробена од почетокот на инвазијата на 24 февруари – односно јужните региони долж Азовското и Црното Море, како и територијата источно и северно од Киев.