Соединетите Американски Држави ја затвораат амбасадата во Киев, јавува Ројтерс.
Оние дипломати кои останале ќе се преместат во Лавов, украински град на западот на земјата.
Причината е, како што се наведува, „драматичното забрзување на трупањето руски единици“.
Станува збор за соопштение кое го објави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.
„Ги наредив овие мерки за безбедност на нашиот персонал и на овој начин ги повикувам преостанатите американски државјани во Украина веднаш да ја напуштат земјата. Овие мерки на претпазливост на никој начин не ја поткопуваат нашата поддршка и посветеност на Украина. Нашата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е непоколеблива“, порача Блинкен.