Русија мора да биде поразена во Украина или конфликтот ќе предизвика трета светска војна, тврди украински преговарач и претседателски советник. Говорејќи за Украинската телевизија, Михаило Подољак предупреди дека ако Москва не загуби, тогаш рускиот „реваншизам и шовинизам само ќе се зголеми“.
Тој нагласи дека тоа ќе доведе до трета светска војна, нешто за што вели дека западните земји се свесни и ќе ги натера да снабдуваат повеќе оружје, објави Скај њуз на својата веб страница пренесувајќи изјавите дадени за Украинската телевизија. (MИА)