сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советот за контрола на наркотици ја осуди одлуката на Канада за легализација на марихуаната за рекреативна употреба

Советот за контрола на наркотици ја осуди одлуката на Канада за легализација на марихуаната за рекреативна употреба

Одлуката на Канада за легализација на употребата на марихуана за рекреативни цели им штети на глобалните напори за контрола на наркотиците и заштитата на младите луѓе од нив, соопшти органот на ОН за контрола на наркотиците.

– Канадската Влада придонесе за слабеење на меѓународната регулаторна рамка за контрола на наркотиците, стои во соопштението на Меѓународниот совет за контрола на наркотици со седиште во Виена.

Советот „е длабоко загрижен од влијанието на оваа политичка одлука врз здравјето и благосостојбата на Канаѓаните, особено на младите“, се вели во соопштението.

МИА