недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасени сите осум лица од заглавената жичница во Пакистан

Спасени сите осум лица од заглавената жичница во Пакистан

Пакистанската армија денеска спаси шест деца и двајца возрасни, кои беа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри над длабока бездна откако се скина кабел.

Операцијата со висок ризик е успешно завршена по повеќе од 15 часа, јавија светските агенции.

Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите. (МИА)