сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасувањето на Мегидиш ја покажува посветеноста за враќање на сите заложници, изјави израелскиот премиер

Спасувањето на Мегидиш ја покажува посветеноста за враќање на сите заложници, изјави израелскиот премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека спасувањето на заробениот војник на ИДФ, капларката Ори Мегидиш, ја покажува „посветеноста“ за враќање на сите заложници, пренесе „Тајмс оф Израел“

Премиерот ја прими капларката Мегидиш откако таа ноќеска беше спасена за време на копнена операција на ИДФ во Газа.

Тој им честита на ИДФ и на Шин Бет „за ова важно достигнување, што ја покажува нашата посветеност да ги вратиме сите заложници дома“.

Премиерот ги нарече „чудовишта“ терористите на Хамас , изјавувајќи дека Израел ќе продолжи да ги гони.