недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според израелската војска, во Газа се наоѓаат 240 заложници киднапирани на 7 октомври

Според израелската војска, во Газа се наоѓаат 240 заложници киднапирани на 7 октомври

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари соопшти дека војската досега ги известила семејствата на 240 заложници дека нивните најблиски се наоѓаат во Појасот Газа, со што бројот на потврдени лица кои беа киднапирани на 7 октомври се зголеми на најмалку 245.

Хагари потенцираше дека бројката не е конечна бидејќи војската истражува нови информации. Има уште десетици исчезнати лица чија судбина засега е непозната.