Американскиот државен секретар Ентони Блинкен престојува во дводневна посета на Канада, каде синоќа во Отава имаше средба со канадскиот премиер Џастин Трудо. На средбата се дискутираше за блиската соработка меѓу САД и Канада за разни прашања и заедничкиот прогрес кон целите претставени во Патна карта за обновено американско-канадско партнерство.
Како што соопштија од Стејт департментот, „секретарот Блинкен е задоволен од можноста да разговара со премиерот Трудо за продолжителната поддршка за Украина и Хаити, и соработката во индиско-тихоокенаксиот регион“.
-Државниот секретар исто така нотираше дека САД се задоволни од нашата тесна соработка за јакнење на конкуренцијата во Северна Америка, промоција на инклузивна економска обнова, продлабочување на економската интеграција и унапредување на различноста и вклученоста, изјави портпаролот Нед Прајс.
Блинкен ја истакнал и важноста од инвестиции во континенталната одбрана и безбедност вклучувајќи го и Арктикот, и напорот за ангажаман околу борбата со климатските промени.