сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стејт Департмент: Одлуката на Франција да ги повлече војниците од Нигер не ја менува позицијата на САД

Стејт Департмент: Одлуката на Франција да ги повлече војниците од Нигер не ја менува позицијата на САД

Одлуката на Франција да ги повлече своите војници од Нигер по државниот удар во оваа западноафриканска земја во јули не ја менува позицијата на САД во Нигер, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека 1.500 француски војници ќе се повлечат од Нигер до крајот на годината.

-Франција одлучи да го повлече својот амбасадор во Нигер, ја прекинуваме и воената соработка со Нигер, изјави Макрон во интервју за француските медиуми.

Хунтата во Нигер ја презеде власта пред два месеца. Вчера објави дека забранува влез на француски авиони во воздушниот простор на Нигер.  (МИА)