сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стејт департментот истражува што се случува со својот персонал во Виена

Стејт департментот истражува што се случува со својот персонал во Виена

Стејт департментот соопшти дека ги истражува извештаите за евентуални необјаснети здравствени проблеми меѓу својот персонал во Виена.

Списанието „Њујоркер“ објави дека околу 20 американски разузнавачи, дипломати и други официјални претставници изјавиле дека доживеале мистериозни здравствени проблеми.

– Кога станува збор за Виена, во координација со нашите меѓусекторски партнери, ние енергично ги истражуваме извештаите за евентуални неразјаснети здравствени инциденти меѓу американскиот персонал во амбасадата, истакна на прес-конференција портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.