Европската одбрана не треба да биде конкурент на НАТО, оцени денеска генералниот секретар на Алјансата, Јенс Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ.
– Повеќепати ги поздравив напорите за европска одбрана затоа што сметам дека проекти како воената мобилност, европскиот фонд за одбрана и трајната структурирана одбрана (ПЕСКО), може да придонесат за фер споделување на товарот во НАТО и да биде дополнување на НАТО, да помогне за развој на нови воени капацитети и да се справи со европскиот фрагментиран одбранбен пазар, истакна Столтенберг.
Тој предупреди дека сепак сите напори за одбрана на ЕУ не смеат да бидат конкурент на НАТО, ниту да ја удвојуваат работата на Алијансата, потсетувајќи дека Пактот е „темелот на европската одбрана“.
– По Брегзит, 80 отсто од одбранбените расходи на НАТО ќе доаѓаат од земјите сојузнички кои не се членки на ЕУ, додаде Столтенберг
Генералниот секретар потсети дека „географијата е важна“ и дека Европа ќе биде опкружена на север од Норвешка, на југ од Турција, и на запад од САД, Канада и Велика Британија, кои се земји надвор ЕУ или наскоро ќе бидат вон ЕУ, и кои се „важни за европската безбедност“.
– Географијата и парите се факти кои не можеме да ги игнорираме, додаде Столтенберг.
Пораките на шефот на Алијансата до Брисел доаѓаат во време кога Унијата сака да ја зајакне својата одбрана, што предизвика загриженост во САД, кои се смета дека земјите членки на НАТО од ЕУ треба првенствено да се фокусираат на своите придонеси за Алијансата.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна го разлути неговиот американски колега Доналд Трамп со изјавата дека ЕУ треба да ја зајакне својата одбрана против закани од големи сили, како Русија, Кина и САД.