сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг може уште година – две да остане во НАТО

Столтенберг може уште година – две да остане во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии.

– Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело да биде, една иоли две години, изјави портпаролот на норвешкото Министерство за финансии.

Столтенберг, претходно денеска, на прашањето дали ќе остане во НАТО, истакна дека таква одлука треба да донесат земјите-членки на Северноатлантската алијанса.