Шефот на северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, изјави дека Русија е таа што не ја почитува Повелбата на нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), додека САД „целосно ја почитува“.
– Сите сојузници се согласни дека САД целосно ја почитува. Проблемот, заканата, предизвикот е руското однесување и тоа трае одамна, истакна Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.
САД најавија дека сакаат да се повлечат од оваа Повелба која се оценува како клучен придонес за крајот на Студената војна и преставува важен елемент во зачувувњето на мирот и стабилноста на европскиот континент. САД и нивните сојузници ги обвинуваат Русите дека и покрај забраната за нуклеарно оружје од среден дострел предвиден со Повелбата, Москва продолжува да го развива.
– Европското безбедносно опкружување значајно се влоши во последните години, а НАТО на тоа одговори, наведе Столтенберг.