понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг за петок свика средба на шефовите на дипломатиите на НАТО за ситуацијата во Авганистан

Столтенберг за петок свика средба на шефовите на дипломатиите на НАТО за ситуацијата во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најави дека за петок закажал вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите -членки на Алијансата во врска со развојот на ситуацијата во Авганистан.

Столтенберг на Твитер напиша дека ќе претседава со состанокот преку видео врска, која ја свика „со цел да продолжи тесната координација“ на 30-те земји членки на НАТО и „да се разговара за заеднички пристап кон авганистанското прашање“.

Ген-секот на Алијансата вчера го обвини поранешното раководство на Авганистан за брзиот колапс на нивните вооружени сили, кои беа поддржани од Запад, но призна дека НАТО мора да ги отстрани недостатоците на сопствената програма за воена обука.

НАТО ги предводеше меѓународните безбедносни напори во Авганистан од 2003 година, но од 2014 година се фокусираше на обука на силите на земјата.

Алијансата помогна во создавањето на авганистанската армија, која броеше околу 300.000 припадници, но таа воопшто не се спротивстави на талибанските екстремисти кои минатата недела ја презедоа контролата врз речиси целата земја.