петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг за злосторствата во Буча: Ужасно е да се пука во цивили и да се убиваат

Столтенберг за злосторствата во Буча: Ужасно е да се пука во цивили и да се убиваат

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги опиша злосторствата во Буча како „ужасни“, истакнувајќи дека „тоа е бруталност кон цивилите каква што не сме виделе во Европа со децении“.

– Ужасно е и апсолутно неприфатливо да се пука во цивили и да се убиваат. И тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши, изјави Столтенберг за Си-Ен-Ен.

Во однос на повлекувањето на руските сили од Киев, тој рече дека „тоа е повеќе промена на стратегијата“.

– Не смееме да бидеме премногу оптимисти, бидејќи постои оправдан страв од можно зголемување на нападите, особено на југот и на истокот на Украина. Тоа навистина не е повлекување, тоа е повеќе промена на стратегијата, рече Столтенберг.