петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг жали што Русија го прекинува учеството во договорот за нуклеарно оружје

Столтенберг жали што Русија го прекинува учеството во договорот за нуклеарно оружје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека жали поради одлуката на Русија да го прекине своето учество во договорот „Нов СТАРТ“ за контрола на стратешкото офанзивно оружје.

„Во текот на последните години, Русија ги прекрши клучните договори за контрола на оружјето и се оддалечи од нив. Силно ја охрабрувам Русија да ја преиспита својата одлука и да ги почитува постоечките договори“, рече Столтенберг говорејќи во седиштето на НАТО во Брисел.  (МИА)