Ирански демонстранти денеска побараа повлекување на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи по соборувањето на авионот со 176 патници и членови на екипажот крај Техеран, пренесоа британските медиуми.
Тој повика на спроведување сериозна и транспарентна истрага за причините за трагедијата.
„Боинг 737“ на „Украинските меѓународни авиолинии“ на 8 јануари се урна само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран. Во несреќата загинаа 176 лица.
Иран денеска призна дека авионот по грешка бил погоден и соборен со нивна ракета.
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, изјави дека Иран првично се согласил да исплати отштета на семејствата на загинатите и на Украина да и ја надомести сумата за соборениот авион.
Тој во интервју за Би-Би-Си денеска кажа дека Иран ја дал согласноста по официјалното признавање на одговорноста за соборувањето на леталото.