Телевизијата РЕН ТВ објави дешифрирани разговори меѓу контролорот за летање со екипажот од авионот „Аерофлот“ кој се запали после итното слетување на Шерметјево во неделата.
После ударот од гром во авионот пилото Денис Евдокимов проценил дека ситуацијата е сериозна, но не и критична. Екипажот испратил сигнал до земјата „Пан-Пан“. Тој сигнал значи дека авионот е под закана, но не е потребна итна помош.
„Ве молам да се вратиме. Изгубена е радио врската и авионот гори во гром“, рекол командирот на авионот.
Контролорот за летање кој работел со пилотот на преминот на аеродромот пренел соопштение до колегите. После тоа пилотот рекол дека не може одеднаш да слета. Контролорот на летање прашал дали на вработените им е потребна некаква помош.
„Не, засега е се во ред“, одговорил пилотот.
Тој додал дека постои пролем со врската и автоматското управување на авионот.
После тоа авионот почнал да се спушта. Пилотот не потврдил веднаш дека е подготвен за слетување. Контролорот на летот се пожалил дека пилотот не се слуша. После некои корекции екипажот одлучил да слета, не компјкутерски, туку со помош на инструменти.
Пилотот побарал помош. Во кулата одговориле дека екипажот треба да продолжи со слетување. Конотролорот на слетување им соопштил на пилотите за брзината на ветерот и им дозволил да слетаат.
„Спасувачките служби се на пистата“, рекол тој.
После тоа разговорот се прекинува. Наскоро авионот се запалил.