сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судир на возови во Јужна Африка, тројца загинати

Судир на возови во Јужна Африка, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени при судир на два воза во јужноафриканската престолнина Преторија, изјави претставник на локалната спасувачка служба, Чарлс Мабасо.

– Има три потврдени смртни случаи и повеќето наши службеници се на местото на несреќата, вели Мабасо.

На Твитер се појавија фотографии од преторијанската железничка станица „Маунтин вју”, каде што се случи несреќата, на кои се гледа како спасувачките служби им помагаат на повредените.