вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судири меѓу армијата и демонстрантите во Алмати, МВР на Казахстан информира дека имало обид да се упадне во зградата на полицијата

Судири меѓу армијата и демонстрантите во Алмати, МВР на Казахстан информира дека имало обид да се упадне во зградата на полицијата
ФОТО: Танјуг/АП

Неколку оклопни транспортери и десетици војници утрово маршираа до главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде стотици луѓе протестираат против владата веќе три дена.

Како што пренесуваат странските агенции, истрели се слушале додека војниците се приближувале до толпата.

И руската агенција ТАСС јави за интензивно пукање меѓу војската и вооружени лица на плоштадот пред седиштето на градоначалникот во Алмати.

– Војската пристигна на плоштадот и почна да ги чисти немирите. Во тек е интензивно пукање, наведува ТАСС.

Исто така, беше објавено дека Секретаријатот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) добил барање од Казахстан за помош, а прес-секретарот на таа организација рече дека оваа ситуација се гледа како на упад на вооружени банди подготвени во странство.

Според ОДКБ, Казахстан одржал консултации со членовите на Советот за безбедност на ОДКБ, при што е договорено членките на ОДКБ да испратат воена помош во Казахстан, поради што ќе бидат испратени мировници за стабилизирање и нормализирање на ситуацијата.

Протестите поради високите цени на горивото избија на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а два дена подоцна протести го зафатија Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека синоќа демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на полицијата во Алмати и дека десетици од нив, како што се наведува, биле „ликвидирани“.

„Ноќта беше направен обид да се упадне во зградата на полицијата во Алмати, а десетици напаѓачи се елиминирани“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува РИА Новости.

Како што е наведено, војската го напуштила Плоштадот на Републиката во Алмати.

Претходно, агенциите пренесоа дека неколку оклопни транспортери и десетици војници утринава марширале на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде веќе трет ден стотици луѓе протестираат против владата.

Следеше судир меѓу војската и вооружени лица меѓу оние кои протестираа.

Протести поради високите цени на горивото избија на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а два дена подоцна протести го зафатија Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови.

На 4 и 5 јануари во Алмати избија судири со безбедносните сили, а полицијата употреби гас и шок бомби.

Интернетот беше исклучен низ цел Казахстан, а емитувањето на голем број ТВ канали беше привремено прекинато, јави РИА Новости. (МИА)