Иранските безбедносни сили отворија оган и фрлаа солзавец врз демонстрантите во Сакез, родниот град на Махса Амини, каде денеска се собраа илјадници луѓе за да одбележат 40 дена од нејзината смрт, соопшти групата за заштита на човекови права Хенгав. Демонстрантите извикуваа пароли како „Жени, живот, слобода“ и „Смрт за диктаторот“.
„Безбедносните сили пукаа со солзавец и отворија оган врз луѓето на плоштадот Зиндан, во градот Сакез“, објави на Твитер Хенгав, група со седиште во Норвешка која го следи кршењето на правата во Курдистан.
По немирите, иранските власти го прекинаа интернетот во Сакез.
Протести се одржуваат и на Универзитетот во Техеран и други академски институции во земјата, објави Гардијан.
Иранската полиција и безбедносните сили распоредија силни сили во Сакез, родниот град на Махсе Амина, но и во Техеран, Табриз и Рашт.
Активистите повикаа на демонстрации за одбележување на 40-годишнината од смртта на девојката која почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската морална полиција, каде што беше затворена бидејќи шамијата ја носела несоодветно.
Смртта на Махса Амини предизвика масовни протести низ целата земја, а иранската полиција одговори со употреба на сила.Организациите за човекови права велат дека најмалку 250 демонстранти се убиени, а илјадници се уапсени, додека државната телевизија информира за 30 загинати припадници на безбедносни сили. (МИА)