Најмалку 86 луѓе се убиени во напад на номадски сточари на фармери во централна Нигерија.
Нападот се случил во подрачје во кое има зголемен бран на насилство меѓу заедниците, соопшти полицијата.
Според полицискиот комесар Анди Ади, истрагата во селата во државата Плато покажала дека убиени се вкупно 86 луѓе. Таа додава дека во нападот ранети се уште шест луѓе, а запалени се 50 куќи.
Во регионот кој веќе неколку дена го потресуваат судири меѓу земјоделците и сточарите воведен е полициски час.
Портпаролот на владата на државата Плато изјави дека полицискиот част стапува во сила веднаш за да се избегне распад на редот и законот.
Младите луѓе од народот Бери на патот меѓу главниот град на таа држава, Џос и престолнината Абуџе поставиле барикади и ги напаѓале возачите кои личат на „Фулани (сточари) и муслимани“, изјавиле патници кои избегнале напади.
Полицијата и војската ги потврдија нападите на возилата, но не кажаа колку точно луѓе биле нападнати.
Некои очевидци, меѓутоа, тврдат дека во тие напади имало и жртви.