Спасувачките тимови го пронајдоа телото на мртвото двегодишно дете Хулен Росел кој падна во бунар пред 13 дена во градот Тоталан во Шпанија.
Неговото тело рано утрото го пронајдоа спасителите кои копаа тунел за да дојдат до него, изјави портпаролот на владината канцеларија во Малага и додаде дека за случајот ќе биде спроведена истрага.
Тој падна во необележана бушотина длабока 110 метри на 13 јануари додека беше на пикник со родителите.