сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светската банка ќе го прекине финансирањето на Либан поради вакцинирање преку ред

Светската банка ќе го прекине финансирањето на Либан поради вакцинирање преку ред

Светска банка (СБ) се закани дека привремено ќе го прекине финансирањето купување вакцини против Ковид-19 за Либан бидејќи поединци ги прекршиле правилата и се вакцинирале без претходно да се најават.

Генералниот секретар на либанскиот Парламент Аднан Дахер ги негираше наводите дека 16 пратеници се вакцинирале преку ред, истакнувајќи оти приоритет за вакцинацијата имаат здравствените работници и лицата постари од 75 години.

Тој тврди дека сите пратеници кои се вакцинирале биле пријавени за имунизација.

СБ минатиот месец соопшти дека одобрила 34 милиони долари помош за Либан за купување на вакцини.