недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свлечишта и поплави во Калифорнија по невреме

Свлечишта и поплави во Калифорнија по невреме

Свлечишта и поплави донесоа камења и кал на патиштата низ Калифорнија по обилните дождови и бури.

Метеоролозите најавуваат дека во наредните денови се очекуваат серија бури кои потенцијално ќе предизвикаат поплави во голем дел од оваа американска држава.

Предупредувањето за зимско невреме е во сила од неделата, а покрај поројни дождови можно е на некои повисоки места да наврнат и 1,5 метар снег, соопшти Националната метеоролошка служба.

Во поголемиот дел од северна Калифорнија за време на новогодишната ноќ во сила ќе биде „стража поради поплави“.

Локалните власти предупредија дека реките и потоците може да се излеат и ги повикаа жителите да подготват вреќи со песок. (МИА)