Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека добиваат проценки дека илјада тела сè уште се заглавени под урнатините во Газа и допрва треба да се идентификуваат.
Тие тела не се вклучени во билансот на загинати што го достави Министерството за здравство со кое управува Хамас.
Според истото министерство, повеќе од 7.000 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади од 7 октомври. (МИА)