сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО објави над 700 напади врз здравствени установи во Украина

СЗО објави над 700 напади врз здравствени установи во Украина

Светската здравствена организација денеска соопшти дека регистрирала 703 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, јави ДПА.

„Ова е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев. Според него, ова е најголемиот напад врз здравствената заштита на европско тло од Втората светска војна.

„Континуираните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат вода и електрична енергија за да се задоволат основните потреби“, рече тој.

Според него, „половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена“.

„Денес 10 милиони луѓе – четвртина од населението – се без струја“, рече Клуге.