сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО повика на хуманитарен коридор во Појасот Газа

СЗО повика на хуманитарен коридор во Појасот Газа

Светската здравствена организација денеска повика да се воспостави хуманитарен коридор во и надвор од Појасот Газа, кој е ставен под целосна опсада од Израел.

Израел го прекина снабдувањето со вода, храна, електрична енергија и други основни резерви додека бомбардираше цели во преполната палестинска енклава како одговор на ненадејниот напад на Хамас.

СЗО соопшти дека нејзините резерви во Појасот Газа веќе се при крај, додека на пациентите во болниците на територијата очајно им требаат медицински потребштини.

Здравствените установи мора да бидат чувани и заштитени, истакна здравствената агенција на ОН.

„СЗО повикува на прекин на насилството… потребен е хуманитарен коридор за да се допре до луѓето со критични медицински материјали“, рече портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ на брифинг со новинарите во Женева.