четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО предупредува: Мешењето на вакцини е опасен тренд

СЗО предупредува: Мешењето на вакцини е опасен тренд

Зовид-19 од различни производители. Главниот научник на Светската здравствена организација Соумуа Сваминатан денеска изјави дека не треба да се даваат две различни дози на вакцини од различни производители.

-Тоа е малку опасен тренд. Ние сме во зона без податоци, без докази, што се однесува до мешање, рече Соума Сваминатан на он лајн брифинг.

Таа посочи дека така може да настане хаотична ситуација во земјите ако граѓаните почнат да одлучуваат сами кога и кој ќе земе втора, како и тоа дека сакаат трета или четврта доза. Таа објасни дека причина за денешното предупредување се недоволните податоци за можното влијание врз здравјето на луѓето од таквиот „опасен тренд“.