„Исламскиот Емират Авганистан будно ја следи ситуацијата во Украина и изразува загриженост поради реалната можност за цивилни жртви“, се вели во соопштението на талибанската власт во Авганистан.
Талибанците повикаа на „воздржаност од двете страни“ и порачаа дека сите мора да му одолеат на заземањето ставови што може да го разгорат насилството.
„Исламскиот Емират Авганистан, во согласност со својата надворешна политика на неутралност, ги повикува двете страни на конфликтот да ја решат кризата преку дијалог и мирни средства“, се вели во соопштението и се додава дека мора да се посвети внимание на зачувување на животите на авганистанските студенти и мигранти во Украина.
BREAKING: The Taliban calls on Russia and Ukraine to “resolve the crisis through dialogue and peaceful means.” pic.twitter.com/YcBlVY96D6
— Breaking911 (@Breaking911) February 25, 2022