четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Татко монструм: Вознемирувачки е начинот на кој го “чувал“ своето дете (ВИДЕО)

Татко монструм: Вознемирувачки е начинот на кој го “чувал“ своето дете (ВИДЕО)

Украинската полиција ослободила шестгодишно момче од куќата на стравот во кој насилен татко го држел во заложништво на ланец и го тепал.

-Кога влегле во куќата  и го виделе момчето целото валкано, полно со модринки, клечи пред вратата врзано со ланец околу стомакот, полицајците се шокирале, пренесуваат медиумите.

Припадниците на полицијата велат дека детето било покриено со модринки, а таткото се обидувал да ги убеди дека се работи за воспиување.

„Беше врзан како куче“ – напишале во извештајот.

Момче чие име не е откриено, живеело само со таткото и маќеа во село во Миколејев, Украина.

Заменик шефот на украинската полиција поставил фотографија од момчето на својот Фејсбук профил, па само напишал „без коментар“.

Несреќното дете живеело во агонија се додека не се пожалило на децата во училиште кои пренеле на родителите кои пријавиле во полиција.

Момчето е одземено од родителите привремено и се наоѓа во болница.

Најверојатно ќе биде преместено во сиропиталиште.