Британецот Џонатан Стивенс, татко на седум деца починал откако се обидел да ги спаси децата да не се удават во норето во големите бранови.
Стивенс загинал вчера попладне во Бармут, северозападен Велс, додека ги спасувал своите две деца. Полицијата и крајбрежната стража биле повикани на местото на настанот нешто пред 2 часот попладне, пишува Скај њуз.
Спасувачите го извлекле Стивенс од морето и го транспортирале во болницата „Исбити Гвинед“, каде подоцна починал.
„Невозможно е да се опише како се чувствуваме. Не само нашите деца и јас, туку и неговите други деца“, рече неговата партнерка Лора.
“Јас му должам на овој човек сè, бидејќи ги спаси нашите бебиња. Тој го даде својот живот да ги однесе на безбедно нашите деца. Ние сме многу тажни”, додаде таа.