недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тажен ден за сите Бразилци: Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени

Тажен ден за сите Бразилци: Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени

Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

– Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година.

– Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци, напиша претседателот Мишел Темер на Твитер. 

(Миа)