Белата куќа го обвини гувернерот на Тексас, Грег Абот, за загрозување животи откако мигранти беа со автобуси донесени од Тексас и на студено време на Бадник оставени во близина на домот на потпретседателката Камала Харис во Вашингтон.
Републиканецот Абот, истакнат критичар на имиграциската политика на администрацијата на Бајден, не признава дека ги испратил автобусите со мигранти на Бадник и неговата Канцеларија не презеде одговорност.
„Гувернерот Абот остави деца покрај патот на температури под нулата”, се посочува во соопштението на Белата куќа.
Се проценува дека локалните власти на Тексас донеле во Вашингтон од 110 до 130 мигранти и баратели на азил во САД, вклучително и многу семејства со деца, соопштија групите за помош на имигрантите откако мигрантите пристигнаа во главниот град на САД.
„Гувернерот Абот ги остави децата покрај патот на температури под нулата на Бадник без да се координира со федералните или локалните власти“, рече портпаролот на Белата куќа, Абдула Хасан, посочувајќи дека такви „политички игри“ не придонесуваат ништо и само загрозуваат животи.
Тексас досега има префрлено илјадници мигранти со автобуси во Вашингтон, Њујорк и Чикаго, што некои критичари го нарекоа „трик“ спероведен во време кога се спроведува национална дебата за големиот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.
Абот претходно призна дека намерно се префрлаат мигранти во градовите од полоцијата не се бара да ги депортира имигрантите.
Хасан рече дека администрацијата на Бајден е подготвена да бара решение за миграциското прашање, заедно со демократите и со републиканците.
Сите донесени мигранти веќе се во процес на згрижување кај роднини и пријатели.