Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа на Алјаска меѓу кои е и еден од најбогатите луѓе во Европа, откако леталото се урна за време на, како што велат властите, хели-ски патување.
Меѓу жртвите е и Петр Келнер, најбогатиот жител на Чешка, кој го заработи своето богатство продавајќи канцелариски материјали, а потоа купувајќи удел во најголемата осигурителна компанија во земјата, според Форбс. Веб-страницата го смести меѓу 70-те најбогати луѓе во светот во 2020 година, со богатство од 17,5 милијарди долари.
Телата на Питер Келнер (56) и неговиот близок соработник Бенџамин Ларокаи (50), Грегори Хармс (52) од Колорадо, кои биле гости на хотелот, локалниот Шон Мек Манами (38) и пилотот Захари Расел (33), биле пронајдени на самото место. Друг маж, чиј идентитет не е откриен, бил пронајден во остатоците од авионот, а тој бил префрлен во болница во критична состојба, каде лекарите се борат за неговиот живот.
– Тој е во критична, но стабилна состојба. Сместен е во болницата во Енкориџ – објавија надлежните.
Причините за несреќата сè уште не се познати.
– Тоа е многу стрмен и завеан терен, од северната страна на реката Ник – изјавија властите и додаваат дека истрагата е во тек.
Сега се обидуваат да ги извлечат остатоците за да можат да утврдат како настанал падот. Тие ќе се обидат да ги извлечат остатоците од хеликоптерот пред да започне снежното невреме.