Џек Мерит (25) бил избоден во терористички напад на Лондонскиот мост пред четири дена, а неговата девојка Лиен Обрајан на својот Фејсбук профил напишала емотивна порака со која трогнала многумина.
„Љубов моја. Феноменален си. Отвори многу врати за оние на кои друштвото им сврте грб. Заедно ќе менуваме работи“, напишала таа.
Таа вчера заедно со родителите на Џек била на Кембриџ. Цело време плачела и држела плишана кукла во рацете.
Ним им се придружиле бројни студенти, жители кои оддале почит на младото момче, пренесува Метро.
Момчето кое дипломирало криминологија на Кембриџ било убиено од 28-годишниот Усман Кан додека траела конференцијата за рехабилитација на затвореници во организација на неговиот универзитет.
На лондонскиот мост убил две и ранил три лица.
Girlfriend of London Bridge terror victim posts inspiring message of hope https://t.co/G002iCKGMU pic.twitter.com/lo9sx2uHZ7
— Daily Mirror (@DailyMirror) December 3, 2019