Силни врнежи од снег најавуваат метеоролозите на територија на метеоролозите за во следните денови.
Според тамошните медиуми се прогнозира дека снегот ќе се прошири низ источна Украина во текот на следните неколку дена, што ќе резултира и со слаба видливост, а тоа подразбира и тешки услови за патување.
Метеоролозите најавуваат снежна покривка и до 20 сантиметри, а снежната бура доаѓа од Црното Море кон целата територија на Украина која во моментов е во војна и во многу лоша состојба.
Покрај снегот се најавуваат и силни ветрови кои ќе имаат силина од 40-50 километри на час и тоа во деновите почнувајќи од утре до сабота.
Температурите се очекува да биде под нулата, а метеоролозите најавуваат и за следната недела кога ќе има уште постуден воздушен бран.