Поранешната кандидатка за претседателка на Белорусија, Светлана Тихановскаја изјави дека опозицијата е подготвена да му пружи „безбедносни гаранции“ на претседателот Александар Лукашенко ако мирно се повлече од функцијата.
Таа одговарајќи на новинарско прашање дали ќе му бидат дадени безбедносни гаранции на Лукашенко ако мирно се повлече од власта, Тихановскаја истакна дека за тоа може да се разговара.
– Секако, ако мирно замине, постои таква можност, дури можам да кажам и убедување. Морам лично да зборувам во име на сите луѓе, а нивното мислење ќе биде земено во предвид во овој случај, наведе Тихановскаја.
Таа додаде дека Лукашенко може да добие и повеќе.
Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.