Двајцата тинејџери, кои беа уапсени во врска со убиството на новинарката Лајра Меки за време на немирите во Лондондери, синоќа се пуштени од притвор и против нив не е поднесено обвинение.
Ослободените тинејџери се на возраст од 18 и 19 години.
Меки (29) беше наградувана новинарка, која пишувала за исчезнувањето на млади луѓе за време на повеќедецениското насилство во Северна Ирска.
Таа беше убиена за време на немирите во четвртокот, откако млади северноирски националисти се судрија со полицијата.