недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тлото во Турција не престанува да се тресе: НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС

Тлото во Турција не престанува да се тресе: НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа Елазиг во Турција.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Сиврице, јавуваат турските медиуми.

Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, а е регистриран во 1 часот и 44 минути.

Надлежните соопштија дека нема пријавена материјална штета, додека службите се уште се во готовност.