недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Топлотен бран ќе зафати поголем дел од Франција

Топлотен бран ќе зафати поголем дел од Франција

Топлотен бран со температури и до 40 степени Целзиусови ќе го зафати поголемиот дел на Франција. Во Париз е можна температура од околу 37 степени, соопшти француската метеоролошка служба.

Високите температури ќе траат од среда до сабота, а топлиот бран најмногу ќе го зафати јужниот дел на земјата. До 40 степени се очекуваат во Тулуз, Бордо, Бијариц, Лион.

Температурите ќе бидат малку пониски, од околу 37 степени, во Париз и во Рајна. Во Лил, како најсеверен град, се очекува температура близу 34 степени.

Топлиот бран доаѓа од Португалија, а метеоролозите додаваат дека потопло ќе биде и ноќе.