Четворица туристи загинаа на швајцарските Алпи, а петмина се во лоша здравствена состојба, откако биле принудени да ја минат ноќта на отворено во областа Пин д`Арола, соопшти полицијата во кантонот Вале.
Спасувачите пронајдоа вкупно 14 лица, од кои некои имаа хипотермија, а еден човек бил веќе мртов, како последица на паѓање. Жртвите биле транспортирани со хеликоптери во блиските болници, но три лица им подлегнаа на повредите..
Туристите беа од Италија, Франција и Германија. (МИА)