Германска туристка (49) ја усмртил слон откако ја прегазил во национален парк во Зимбабве додека се обидувала да го фотографира.
Жената починала неколку часа откако ја прегазил слонот во Националниот парк Мана пулс.
Германката се наоѓала во групата туристи на влезот од паркот кога наишле на крдо слонови.
Портпаролот на паркот наведе дека посетителите секогаш ги предупредуваат да држат дистанца од дивите животни.