Фудбалската репрезентација на Аргентина го освои Светското првенство со победа против Французите по луда игра и изведување пенали.
Страшна вест доаѓа од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, каде навивач се задавил со знаме додека ја славел победата на својот тим.
За работите да бидат потрагични, се работи за момчето кое има само 22 години, Себастијан Оскар Масиел, кој не можеше да се спаси, бидејќи знамето му ги зароби дишните патишта и го спречи протокот на кислород.
Тој се урна на земја со мотор обложен со знаме, заплеткан во тркалата. Возел мотор Хонда ХР од 150 кубици.