вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Италија: Најмалку 20 загинати откако автобус излетал од надвозник, паднал на пруга и се запалил

Трагедија во Италија: Најмалку 20 загинати откако автобус излетал од надвозник, паднал на пруга и се запалил

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија.

Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.