понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Турција: Девет војници загинаа, а четворица се повредени откако се урна воен хеликоптер

Трагедија во Турција: Девет војници загинаа, а четворица се повредени откако се урна воен хеликоптер

Девет војници загинаа, а четворица се повредени кога воен хеликоптер се урна во источниот дел на Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот се урна во градот Татван во провинцијата Битлис, каде Курдите сочинуваат мнозинство од населението.

Повредените војници се веднаш пренесени в болница. Причината за несреќата се уште не е позната.

Хеликоптерот патувал кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарите.